На 12 април (среда), точно 56 години од успешниот лет на Восток 1 и првото патување на човек во вселената, во СЦ „Дуња“ успешната мисија на Јуриј Гагарин ќе биде одбележана со „Мултимедијална ноќ на Јуриј“.
Во „Дуња“, со почеток од 19 часот, ќе се одржи предавањето „Космичко доба“ на Астрономскиот центар Орион, а во 20 часот ќе биде отворена и изложбата на ретро постери на Зоран Кардула, инспирирани од Советската вселенска програма.
Од 20:10, присутните ќе имаат можност да го набљудуваат небото со телескоп, а потоа следува и забава со „Вселенска музика“.
Влезот за целата програма е бесплатен.