Со седум инсталации во кои се опфатени сликарството, видеото и нови мултимедијални техники, уметникот воедно и професор по Концептуална уметност, Зени Балажи, вечерва ќе се претстави со своја изложба во Мала станица.
Со почеток од 19:30 часот, ќе бидат изложени неговите дела кои ги опфаќаат новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуeлнa тeхникa.
Балажи досега има реализирано неколку изложби низ Европа, а се појавува и како сценограф во повеќе од десет филмови.