Мултимедијален проект „Раѓање на нацијата“ во Чифте амам

Во галерискиот простор на Национална галерија на Македoнија –објект Чифте Амам, во понеделник во 19.30 часот ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Раѓање на нацијата“.

Овој проект се состои од неколку видео проекции, и претставува последно и најново видео остварување на авторката Тања Балаќ.

Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него.

Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври, а видео проекциите секојдневно ќе се одвиваат во термин од 19 до 21 часот.