Мултикултурен музички фестивал „Добра идеја 3“ денеска во Скопје

Третото издание на музичкиот фестивал „Добра идеја“ ќе се одржи денеска во Чопер клубот Клабхаус во Скопје.

Фестивалот има мултикултурен карактер. Целта е афирмација на млади локални бендови. Ќе настапат: ТВ Рејџ, Кепурдат, Проект 2501, Фуснота и Ди Џеј Дими (пост сешн сет).

„Добра идеја 3“ е во организација на Здружението за културна мотивација „КУЛТИВАТОР од Скопје, а е поддржан од Град Скопје.