„Мугер Фугер“ и Горан Трајкоски во МКЦ ќе го промовираат „Во ова време“

Во Младинскиот културен центар на 5 декември ќе се одржи концертна промоција на музичкиот проект Мугер Фугер и Горан Трајкоски – ГоТра – „Во ова време“.

„Еден од најважните македонски музичари на сите времиња, Горан Трајкоски, (‘Падот на Византија’, ‘Анастасија’, ‘Мизар’) и бендот чија музика е звучен одблесок на човековиот примордијален крик, ‘Мугер Фугер’, на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка“, стои ви најавата за концертот.

На настанот, кој ќе биде во склоп на „Таксират 21“, поддршка ќе биде и битолскиот состав „Вел“. Се работи за вокално-инструментален состав кој создава во нови алтернативни музички правци.

„По долгата музичка историја во авторски бендови, членовите на ВЕЛ креираат со призвукот на иднинат“, соопштуваат организаторите на настанот.

Влезот на настанот е бесплатен.