„Му Tear“ со спотот за „Остави ме да бидам“ не’ враќаат во 60-ите години во Скопје   

Инди-рок составот „My Tear“ го објави видео-спотот за песната „Оставиме да бидам“, во која се користени материјали од првиот колор филм за Скопје – „Градот на Вардар“ на режисерот Бранко Ивановски Гапо („Вардар филм“, 1962) и „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ („Јадран филм“, 1964).

Камерата, монтажата и режијата на спотот е на Горјан Атанасов, а извршен продуцент е Васко Атанасовски, во издание на „Балкан Велики“.

Инаку, „My Tear“ се музичарите Дени Крстев, Кристијан Лафазановски, Мартин Митевски и Васко Атанасовски.