МТСП: Услугата за персонални асистенти ќе може да ја користат 200 лица со попреченост

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека продожувааат со унапредување на правата на лицата со попреченост преку финансирање на индивидуализиарни социјални услуги во заедницата од Буџетот.

„Она што сакаме да го потенцираме е дека со законот кој што е во собраниска процедура услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини се проширува низ цела Македонија. Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Во 2019 година е предвидено со оваа услуга да се опфатат 200 лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат околу 60 лица со попреченост“, соопштува Министерството.

Услугата персонална асистенција од денеска во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои, велат тие, им се доделени сертификатите за персонална асистенција, откако  успешно ја поминале обуката на Црвен крст и на Хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти во Македонија се зголемува на околу 130.

„Освен персоналните продолжува и обуката и поддршката за образовните асистенти коишто нудат помош на деца со попреченост во образовниот процес. Во новата учебна година 2018/2019, овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава. Во 2017/2018 година преку активните мерки за вработување беа ангажирани вкупно 140 образовни асистенти во 18 општини во државата“, стои во соопштението на Министерството.