„Мтел“ е новиот мобилен оператор во Македонија

„Мтел“ е новиот мобилен оператор кој од вчера започна со работа во Македонија. Мобилниот оператор на компанијата, која е членка на групацијата „Телеком Србија“ ќе го користи префиксот 073.

Покрај мобилната телефонија, компанијата „Мтел“ која минатата година започна со работа во Македонија нуди и сателитска телевизија и интернет.

Моментално на пазарот во Македонија опстојуваат пет мобилни оператори, односно „А1 Македонија“ со 49.78% претплатници, „Македонски Телеком“ со 47.25% претплатници, „Лајкамобајл“ со 1.76% претплатници, „Телекабел“ со 1.19% и „Грин мобајл“ со 0.02% претплатници.