МПЦ се премисли, Фејсбук сепак бил ок

Македонската православна црква го промени ставот за користењето на социјалната мрежа Фејсбук, пренесуваат медиумите.

Фото: Република

Иако претходно МПЦ донесе одлука со која го забрани користењето на Фејсбук за свештенството, монаштвото и владиците, ако се суди по заклучоците од денешната последна седница за годинава на Светиот Архиерејски Синод, по се изгледа тие ретерираат од првичниот став.

На седницата владиците добиле препорака за разумно користење н социјалната мрежа Фејсбук и во текот на дискусијата било истакнато дека забрана за користење на Фејсбук воопшто немало, туку дека тоа било погрешно сфатено, објави Нова тв.

„Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката“, појасни пред новинарите епископот Климент, пренесе порталот.