Mozilla го редизајнира логото, бара мислење од корисниците

Mozilla го редизајнира логото за Firefox. Но, овој пат, планот не е само да се создаде нова икона за еден од водечките прелистувачи, туку да се дизајнира цела серија икони за да се вклопат во различните намени на брендот – од мобилни и VR пребарувачи, до алатки за „скриншот“ и споделување на датотеки. Mozilla веќе претстави неколку опции, и сега сака корисниците да коментираат на нивниот блог за повратни информации за тоа како треба да изгледаат иконите.

„Како икона, брзата лисица со пламена опашка не нуди доволно алатки за дизајнирање за да го претстави целиот целокупен производ”, напишаа дизајнерите на Mozilla во блог пост.

Компанијата сподели два „пристапи на дизајн систем” за да добие повратни информации од своите корисници. Двете опции нудат икона која е или стилизирана, геометриска лисица со глава, или познатиот пламен, кои ќе важат за сите производи. Mozilla исто така сподели опции за општа икона на прелистувачот, заедно со она што се чини дека се поспецифични икони на прелистувачот (на пример за Firefox Focus), заедно со симболи за некои од нејзините самостојни апликации, но овие предложени икони може да бидат далеку од конечниот резултат.

„Секоја поединечна икона ќе помине неколку промени, или може да се промени целосно, од сега до лансирањето на производите”, рече компанијата. „Нашиот фокус во овој момент е на системот”.

Ова не е прва промена во дизајнот на платформата Mozillа. Во декември, претстави посветла и поедноставна икона за Firefox Quantum. Целата оваа промена на Firefox е прилично слична на процесот што го користеше Mozilla, кога го редизајнираше сопствено лого пред две години.

Mozillа не бара од корисниците да ги достават своите идеи за дизајни, и не бара да ги стават овие дизајни на гласање. Тие само бараат повратни информации за дизајнерските идеи што ги имаат, со предупредување дека „овие системи за дизајн се уште се замисла” и дека „иконите не се конечни”.