Можете ли да издржите 99 дена без Фејсбук?

Неодамна е покрената кампања во која сите оние што сакаат да ја поддржат, ќе мора да минат 99 дена без најпопуларната социјална мрежа – Фејсбук.

Можете ли да издржите 99 дена без Фејсбук?

Името на проектот е „99 дена слобода“, а негова цел е да се види како корисниците кои се „зависни“ од Фејсбук ќе реагираат на „разделбата“ од оваа социјална мрежа.

Секој корисник кој смета дека е доволно „храбар“ може да се вклучи во проектот. Доволно е само да го посети официјалниот сајт на кампањата и да го преземе линкот со кој ќе им соопшти на своите Фејсбук пријатели дека ќе биде отсутен 99 дена.

Во моментов на овој проект соработуваат повеќе од 15 илјади кандидати. Додека трае проектот ќе бидат објавувани и податоци како корисниците реагираат на „животот без Фејсбук“, пренесе МИА.