„Мозаик фестивал“ од 17 до 19 август во Гевгелија

Во Гевгелија на неколку локации од 17 до 19 август ќе се одржуваат различни културни и музички настани во склоп „Мозаик фестивал – културна артикулација“.

За петок (17 август) во „La Terassa“ од 21 часот ќе биде проектиран филмот „Blueberry Hill“, по сценарио и режија е на Јордан Дуков, а вечерта потоа ќе продолжи со настапи на Филип Динев Трио и Филч.

Наредниот ден (18 август) во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе има промоција на книтата „Илустрирана библиска етика“. Се работи за графичка новела, чиј уредник е Иван Иванов.

За вториот ден од фестивалот е закажан настан во кафе бар „U“. Таму ќе настапуваат Херзел и Михаил Петровски, додека по 01:30 часот фестивалот се сели во „Defacto“ со настапи на С.А.Ф. и Мосаик Колектиф. Исто така, најавено и е специјално огнено и забавно шоу на Фазбабл и Владимир Баланс.