„Movies that matter“ – Филмска проекција во Куманово

Утре, 13-ти декември (четврток), со почеток во 19 часот во Младинскиот центар MultiКулти во Куманово ќе биде прикажан филмот Joshua: Teenager vs. Superpower во рамките на второто издание на „Movies that matter“, филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.

По филмот ќе следува дискусија со Сибел Амет, активистка за човекови права, на тема: „Младите како борци за човекови права и слобода на говор“.

“Movies that matter”, го организираат Младински образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија и ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експертите, уметниците, креаторите на политики, новинарите и граѓанското општество.

Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот е бесплатен.

Повеќе за фестивалот на www.mof.mk/moviesthatmatter2018

Повеќе за филмот:

Joshua: Teenager vs. Superpower (Режија: Joe Piscatella / Земја: САД / Времетраење: 78 минути)

„Возбудлив документарен филм за група тинејџери од Хонг Конг кои ја предизвикуваат Кина за време на Чадор револуцијата. Додека Кина полека, но сигурно ги ограничува граѓанските и политичките слободи во Хонг Конг, луѓето излегуваат на улиците во огромни броеви. Водени од 17-годишниот Џошуа Вонг, демонстрантите се соочуваат со властите во епски дуел.

Кога Британците го предадоа Хонг Конг на Кина по 150 години колонијализација, договорен е принципот „една земја, два система“: Хонг Конг во голема мера ќе ја задржи својата автономија од Кина, задржувајќи ги своите права и слободи. Но, кога Кина ќе отстапи од своите ветувања, Џошуа Вонг излегува на улиците да протестира. Прво самостојно, но како што неговата студентска организација „Сколаризам“ собира повеќе внимание преку социјалните медиуми, се повеќе и повеќе луѓето му се придружуваат.

Студентите ги приморуваат властите да ги повлечат своите планови за репресивни образовни реформи. Но, тогаш Кина инсистира на тоа да ја преземе контролата врз гласачкиот систем, и овој пат, Кина не отстапува. Резултатот е епски дуел помеѓу властите и луѓето од Хонг Конг, со тинејџер во центар на акцијата“.