Моцартовата „Така прават сите“ премиерно во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер премиерно ќе биде изведена „Така прават сите“, една од најиграните опери на Волфганг А. Моцарт, која во продукција на МОБ не е поставена од 1972 година.

Моцартовата „Така прават сите“ премиерно во МОБ

Режисер на операта во два чина е Цветан Стојановски, а диригент Саша Николовски-Ѓумар. Операта завчера премиерно беше изведена во Битола, на отворањето на 23. Фестивал на класична музика „Интерфест“, а на 7 октомври ќе биде изведена и во Тетово.

Покрај реномираните солисти Благица Поп Томова, Владимир Саздовски и Катерина Стојановска, во претставата учествуваат се уште неетаблирани македонски оперски пејачи.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, костимограф Марта Трендафилова, а кореограф Олга Панго.

Постановката е дел од активностите по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, кои МОБ пред две недели ги одбележа и со балетот „14 часа“ во Виена, пренесе МИА.