Мостри на една случајност – Изложба на Кирил Василев

Изложбата на Кирил Василев насловена „Мостри на една случајност“ ќе биде отворена во среда, 22 август, во Музејот на Град Скопје.

„Мостри на една случајност“ е изложба на графики која, според авторот, бара одговор на прашањето во едно парче случајни податоци што го користи како образец кој според три правила: умножи , собери, повтори… прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело.

„Количеството случајност во делот на градбата што не може да се сведе на попрости честички, влијае на сложеноста на обликот. Уредувањето мора да биде според правила, бидејќи без нив би било како мајмуни да ги пишуваат собраните дела на Шекспир“, посочува уметникот.

Отворањето е најавено во 20 часот.