МОСТ со платформа за пријавување изборни нерегуларности

Neregularnosti.most.org.mk е нова платформа преку која граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги регистрира сите видови на нерегуларности кои ќе бидат пријавени од граѓаните во текот на кампањата и двата круга од локалните избори.

Засега страницата е празна, но, од МОСТ преку својот фејсбук профил ги повикаа граѓаните доколку забележале инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза, притисок или пак некој друг вид нерегуларност да го пријават преку оваа интернет страница.

На платформата, на располагање се понудени неколку начини на кои граѓаните можат да пријават нерегуларност – преку формата на веб-страницата, преку бесплатниот телефон 080 080 080, преку хаштазите на Твитер и Фејсбук #избори2017 и #нерегуларности, како и на мејл адресата neregularnosti@most.org.mk.

Евентуалните пријави понатаму би можеле да се прегледуваат според локација – на мапата на Македонија, како и хронолошки, додека секоја различна нерегуларност е обележана во различна боја.