Москва ќе ги враќа дрвјата, зеленилото и велосипедските патеки во центарот на градот

Градот Мсква прави план за раззеленување на централниот дел на градот „Garden Ring“ (Обиколницата Градина) , некогаш познат по градините, а сега претворен во асфалтен пат со 16 ленти долг десетина милји. Три илјади дрва треба да се засадат на местото кое во 19 век било познато по зелените градини, за во времето на Сталин тие да исчезнат под бетонот.

Сепак ова лето, како дел од програмата за урбана регенерација и трансформирање на целата територија на центарот на Москва, се планира да се вратат градините вo  „Garden Ring“ преку стеснување на патот и негово претворање во попријатно место за пешаците. Планот е да се засадат дрвја по должината на патот, засенчување на пешачки површини од автомобили и давање нов изглед на центарот на градот, јавува Гардијан.

Првиот дел од работата, на површина од околу една третина од патот,  ќе почне ова лето, заедно со големата реконструкција на околу 70 други улици.

„Главната цел е да се направи на градот почист, потивок и попријатен”, вели Анастасија Гордеева, од Стрелка КБ, консултантска група за урбано планирање, која ги координира работите околу проектите во центарот на Москва. „Неодамна многу луѓе престанаа да ги возат своите автомобили и започнаа да користат такси; следниот чекор е да имаме повеќе луѓе кои пешачат“.

Десетици руски и странски експерти беа вклучени во изготвување на прописите за реновирање на московските улици,  земајќи ги во предвид специфичните климатски, архитектонски и историски услови на градот.

„Постојат 3.500 улици во Москва и ние ги категоризираме во 10 типови. За секој тип имаме подготвени насоки; од аголот на кој светлината треба да падне од уличните светилки, до тоа кавви шахти ќе се користат“, вели Гордеева.

Во текот на долгото владеење на градоначалник Јуриј Лужков, развојот на Москва честопати беше критикуван како корумпиран и хаотичен, со посветување малку внимание на квалитетот на животот и урбанистичко планирање. Според Сергеј Собјанин, кој ја презеде оваа функција во 2010 година, градските власти почнаа да го земаат во предвид планирањето посериозно. Голем број од градските паркови се комплетно реновиран, особено паркот Горки, а новите пешачки површини, можносите за велосипеди и користење такси го променија начинот кој луѓето се движат околу градот. Минатото лето, кога во центарот на градот почна обновата, многу улици добија пошироки тротоари и велосипедски патеки.

Но, и покрај позитивните промени, програмите за подобрување не минуваат без контроверзии. Многу фрустрирани жители забележуваат дека нивните населби се претворија во хаотични градилиштата без предупредување. Цели сегменти на центарот се полни со прашина додека теќат градежните активности. Во февруари, градските власти отстранија повеќе од 100 киосци, трговски објекти и кафетерии изградени без соодветна дозвола, кои буквално ги рушеа во текот на ноќта со булдожери. Повторно, логиката беше убедлива, но извршувањето беше доведено во прашање, заедно со драматичниот уништување кое предизвика контроверзии. Надежта е дека следниот бран на урбаниот развој ќе продолжи малку полесно.

„Главната работа е да бидете сигурни дека луѓето знаат кога работите се случуваат, како и да се знае како тие може да се избегнат со преземање алтернативни мерки”, рече Гордеева.

Градот се надева дека програмата за урбана обнова ќе заврши до 2018 година, период во кој многу од главните улици во главниот град ќе се реновираат.