Монтреал сака целосно да ги забрани пластичните шишиња за вода

Градоначалникот Монтреал сака целосно да ги забрани пластичните шишиња за вода, со што би станала првата метропола што го сторила тоа.

Градоначалникот Денис Кодер веста ја објави во февруари, по забраната за еднократна употреба на пластични кеси, која ќе влезе во сила во 2018 година, а шишињата за вода ќе бидат следни.

„Јас го покренав прашањето за пластичните шишиња бидејќи тоа е штетно за животна средина, повеќе од 700 милиони од овие шишиња за еднократна употреба завршуваат во депониите во Квебек секоја година”, објаснува Кодер.

„Во Монтреал, сме среќни што имаме одлична вода од чешма, која е тестирана неколку пати во денот. Забораваме дека нашата вода е со толку добар квалитет, што некои компании дури и ја полнат директно од чешма, а потоа на луѓето им ја наплаќаат”, додава тој.

Мал дел од градовите во светот ги имаат забрането пластичните шишиња. Еден мал град во Австралија наречена Бунданун, со население под 3000луѓе, беше прв во светот што ги забрани во 2009 година. Конкорд, Масачусетс, законски ги забрана во 2013 година, па сега водата се продава во хартиени пакувања. Неодамна, во Сан Франциско и во Хамбург, Германија, ја забранија продажбата на овие шишиња, но само во градските згради.

Ако забраната во Монтреал се усвои, градот со повеќе од 1,5 милиони луѓе би можел да стане најголемата урбана област што ги забранила шишињата во целост.

Здружението на Квебек за флаширана вода брзо се спротивстави на предлогот.

„Водата не е единственото нешто во пластични шишиња, сокот и газираните пијалаци се исто така во пластични шишиња. Пиењето вода е здраво. Зошто да се забранат само шишињата за вода?”, запраша Димитри Фрајерс, претседател на Здружението.

„Ако се ставам на местото на турист што дошол во Монтреал и нема шишиња со вода, што ќе пијат”, рече тој.

Според него, наместо забрана за шишиња за вода целосно, градот треба да разгледа алтернативи како да го зголеми нивното рециклирање.

Но, Никола Монпети, директор на локалната организација за животната средина „Regroupement des Еко-Quartiers“, рече дека забраната е добра идеја.

„Бев пријатно изненаден (од најавата на градоначалникот). Тоа е дефинитивно чекор во вистинската насока”, рече тој.

И покрај ваквиот предлог, Манон Мас, членка на провинцискиот парламент од левичарската партија на Квебек, изјави дека идејата на градоначалникот не е долгорочна. Една од идеите кои таа ги предложи е да се воведе задолжително враќање на пластичните шишиња, не само на метални лименки.

Портпаролот на градот Женевив Дјуб, пак, смета дека за да се оствари оваа идеја, на градот ќе му бидат потребни неколку години пред целосно да ги забрани шишињата за вода.