МОН: Студентите да користат друго сместување, домовите нема да се отворат до крајот на академската година

Студентските домови е предвидено да останат затворени до крајот на тековната академска година, велат од Министерството за образование и наука за Радио МОФ. Причина за тоа е зголемената концентрација на луѓе што може да настане во овие инфраструктурни услови, а тоа повлекува и ризик да се прошири коронавирусот.

„Така што, студентите кои студираат во други општини, различни од нивното место на живеење, а кои престојувале во студентски домови до пред нивното затворање, за време на јунската испитна сесија доколку имаат потреба, да искористат други начини, односно капацитети за сместување кои нема да го загрозат личното здравје“, велат од МОН.

За отселувањето, пак, студентите треба да добијат инструкции од раководствата на домовите.

Директорите на државните студентски домови во Скопје, Битола и Штип, претходно посочија дека се уште немаат насоки од Комисијата за заразни болести и Владата за тоа како ќе треба да функционираат во блиска иднина.

Државните студентски домови чекаат насоки за „новата нормалност“ во објектите

Емилија Петреска