МОН со конкурс за стипендии за студии на 100-те најдобри универзитети од Шангајската листа

Министерството за образование и наука информира дека во тек се конкурсите за доделување на стипендии за граѓаните на Република Северна Македонија кои во академската 2019/2020 година, ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, според последната објавена ранг листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2019/2020 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2019/2020 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во странство за академската 2019/2020 година