Мензите во студентските домови „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје добија 25 нови професионални машини и апарати, информира Министерството за образование и наука.
Оваа набавка чини 2,5 милиони денари и е прва ваква после 35 години, велат од МОН.
„Како дел од планот за унапредување на студентскиот стандард се и активностите за подобрување на условите за сместување и престој во студентските домови. Започнавме реконструкција на 9 студентски домови со KfW Development Bank за што се обезбедени 25 милиони евра со кои домовите ќе се модернизираат и ќе станат енергетски ефикасни“, соопштија од министерството.
Целта според нив е да се осовременуваат условите во студентските кујни, а со тоа и да се подигне квалитетот на услугата за студентите.