МОН објави конкурс за 55 учебници за средно стручно образование

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за издавање на учебници за прва година средно стручно четиригодишно образование.

Вкупно на конкурсот се бараат 55 учебници од 14 сектори и струки во средното стручно образование. Надоместоците за преносот на авторското право се движат во износ од 235 до 272 илјади денари по учебник.

Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветнатагодина, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 14.10.2019 година.

Целосниот конкурс може да го видите на следниов ЛИНК.