МОН најавува отворање државно меѓународно основно училиште

Првото државно меѓународно основно училиште ќе почне со настава идната учебна година, најавија од Министерството за образование и наука каде веќе е објавен огласот за наставниците по англиски јазик што ќе предаваат во него. Меѓународното училиште ќе спроведува настава од прво одделение, а ќе биде сместено во некое од постојните училишта во Скопје. Сите предавачи ќе треба да имаат сертификат за познавање англиски јазик.

Како што најави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, во првата година би била отворена една или најмногу две паралелки, а запишувањето ќе биде без паричен надомест. Основните предмети ќе бидат на англиски, а мајчиниот јазик ќе се изучува како и во редовната настава.

Проектот се реализира како во соработка Британскиот совет-Скопје, а рокот за пријавување на кандидатите за наставници е 25 ноември. Тие ќе бидат селектирани од МОН и Британскиот совет, по што ќе следат дополнителна обука за англиски јазик во Британскиот совет и ќе имаат дополнителни психолошко-методски подготовки за спроведување на овој тип настава.