МОН го објави Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови

Вкупно 2.551 легла во јавните ученички домови се достапни за прием на ученици за учебната 2019/2020 во новиот Конкурс кој го објави Министерството за образование и наука.

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година;
2. Да се државјани на Република Северна Македонија;
3. Да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионот односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење;
4. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;
5. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Реден број УЧЕНИЧКИ ДОМ ГРАД/ОПШТИНА Број на легла

за учебната 2019/2020 година

Вкупно за I година за II година за III година за IV година
1

“Мирка Гинова”

Битола

298

88

70

70

70

2

“Лазар Лазаревски”

Велес

221

60

60

51

50

3

“Бранко Станоевиќ”

Гостивар

200

70

50

40

40

4

“Крсте П. Мисирков”

Кавадарци

100

40

30

15

15

5

“Проф. Мијалковиќ”

Куманово

120

30

30

30

30

6

“Митко Пенџуклиски”

Кратово

45

15

10

10

10

7

“Боро Менков”

Крива Паланка

60

15

15

15

15

8

“Св.Наум Охридски”

Македонски Брод

60

20

15

15

10

9

“Ванчо Питошески”

Охрид

125

45

35

25

20

10

“Кочо Рацин”

Свети Николе

106

46

20

20

20

11

“Димитар Влахов”

Струмица

91

31

20

20

20

12

“Браќа Миладиновци”

Струга

140

50

30

30

30

13

“Здравко Цветковски”

Скопје

410

105

107

112

86

14

“Д-р Панче Караѓозов”

Скопје

103

30

30

25

18

15

“Св. Наум Охридски”

Скопје

75

30

25

20

0

16

“Димитар Влахов” ЗРО

Скопје

77

20

20

20

17

17

“Партение Зографски”

Скопје

220

70

50

50

50

18

“Искра”

Штип

100

40

30

30

Првенство при прием ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Северна Македонија.

Целосниот конкурс, дополнителни информации и потребните документи може да ги најдете на следниов ЛИНК.