Министерството за образование и наука информира дека се проширува квотата за запишување на ученици во прва година за една паралелка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале овде во првиот уписен рок.
Воедно, МОН известува дека се проширува и квотата за запишување на ученици во прва година во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,65 поени, а аплицирале во првиот уписен рок.
Учениците за дополнителни информации да се јават во училиштата уште утре (4 јули).