МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии

МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендииМинистерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии.

Доделени се вкупно 737 во различни категории, од кои најбројни се за учениците од социјално загрозени семејства.

„Вчера беа објавени официјалните листи на веб-страницата на Министерството за образование и наука и е извршена распределба на стипендиите по различни категории. Комплетно се распределени стипендиите за ученици од социјално загрозени семејства и за ученици со посебни потреби“, изјави ресорниот министер Спиро Ристовски.

Според него, останати се мал број стипендии за деца без родители и дел од стипендиите за талентирани ученици и спортисти за припадниците на малцинските заедници, кои повторно ќе бидат објавени.