МОН ги избра најбезбедните и најчистите училишта

Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и Основното училиште „Дане Крапчев“ од Општина Гази Баба беа избрани за „Најбезбедно и најчисто училиште“ во учебната 2017/2018 година од страна на Министерството за образование и наука (МОН).

Од Министерството информираат дека на јавниот повик аплицирале 11 основни и 4 средни училишта, а на избраните училишта ќе им бидат доделени сертификати.

Комисијата составена од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта ги избрале добитниците:

Во категоријата основни училишта:

Прво место – ООУ„Дане Крапчев“ од Oпштина Гази Баба

Второ место – ООУ„Кочо Рацин“ од Oпштина Петровец

Трето место – ООУ „Наум Охридски“од село Булачани, Oпштина Гази Баба

Во категоријата средни училишта:

Прво место – СОУ„Ѓорче Петров“ од Oпштина Крива Паланка

Второ место – СОУ Гимназија „Панче Арсовски“ од Скопје

Трето место – СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје