МОН: Децата што немаат уреди за следење онлајн настава, ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и останатите деца, тврдат од Министерството за образование и наука.

„За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наствниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присутсво, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени“, стои во денешното соопштение на МОН испратено до медиумите.

Од МОН додаваат и дека наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето, како и дека најважната цел е да обезбеди пристапност до наставата за секое дете во државата, без разлика каде живее.

На вчерашната пред конференција за претставување на националната платформа за онлајн учење, министерката за образование Мила Царовска напомена дека околу 40.000 деца немаат информатички уреди за користење во домашни услови.

Видео комуникација, онлајн домашни, квизови и тестови – презентирана Националната платформа за учење од далечина