МОН: 2.700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

„Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6.050 денари“, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму известуваат дека корисниците на оваа категорија стипендии идната недела соодветно ќе бидат информирани за постапката на регулирање на ова право.