Момче од Нови Сад доби медал за патент против тромб, од државата ниту стипендија

Стефан Веља од Нови Сад минатата година освои златен медал на Фестивалот за иновации „Еурека“ во Брисел, во конкуренција со уште 40 иноватори од светот. Тој беше одликуван и со орден за наука од Кралството на Белгија со што стана најмлад добитник на ова признание.

За неговиот патент беше награден и од Министерството за развој и иновации на Романија и Институтот за иновации во Моска, кој му додели златна плакета.

Сите награди и признанија ги доби за својот изум за откривање и лечење на тромб, наречен „tromb gard“. Претходно, Веља немал никакви допирни точки со медицината, меѓутоа идејата ја добил поради болеста на својот татко.

На проектот работел речиси една година, а за тоа време, се консултирал со голем број експерти од различни области, бидејќи неговиот проект, сам по себе опфаќа повеќе аспекти.

„Разговарав со неколку кардиолози и тие ми објаснија неколку значајни работи од областа на медицината. Многу ми помогнаа соучениците и пријателите, на кои им зборував за идејата и сите нивни предлози и мислења ги зедов предвид. Тоа, како и поддршката од моето семејство, многу ми значеше“, вели Веља.

„Уредот може физички да го спречи тромбот, по што се активира механизмот кој на лице место го разградува“, објаснува младиот Стефан.

Оваа година, тој е бруцош и своето образование реши да го продолжи во Виена. Меѓутоа, кога станува збор за помош од државата, вели дека единствена парична помош добил од Град Нови Сад, која како што вели, ќе му биде доволна само за првиот семестар. Досега не добил никаква стипендија од државата.

Неговиот случај привлече огромно внимание во јавноста, а идејата е веќе прифатена на европско ниво.