Молдавскиот премиер поднесе оставка поради фалсификувана диплома

Премиерот на Молдавија Kирил Габуручи поднесе оставка поради спорната веродостојност на неговата универзитетска диплома.

38-годишниот Габуручи го најави своето повлекување, откако синоќа обвинители го испрашувале за неговите студии, пренесуваат медиумите.

„Жал ми е што прашањето во врска со моите студии стана инструмент на политички игри“, рече Габуручи без да се изјасни за наводите за кои е обвинет.

Габуручи е на чело на проевропската влада која се потпира на поддршката на Комунистичката партија. Тој е поранешен бизнисмен кој во февруари стана премиер.