Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

Многу интересни моменти го одбележaа вториот ден (или ако повеќе сакате Денот 0) на Сигет фестивалот. Скоро сите сцени започнаа со работа, меѓу кои и една од поважните т.н. А38 сцена на која може да се слушнат сите најразлични стилови на музика.

Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

Меѓу изведувачите кои се најдоа на неа беа „Brody Dalle”, „A day to Remember” и „Jimmy Eat World”. Посебно го издвојуваме настапот на „A day to Remember” на кој беше скоро цела А38 сцена исполнета со фанови, љубители на металкор звукот.

Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

За разлика од Денот -1, вчера Сигетанците ја имаа можноста да бираат на кој стил на музика сакаат да се забавуваат, било тоа на голема сцена како што се Главната сцена и А38, или пак многутте други помали сцени, како што се Europa, Magic Mirror, Volt! и многу други.

Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

На главната сцена можевме да проследиме четири феноменални настапи. Први се појавија ,,Anti-Flag”, после нив настапија ,,Ska-P” кои покажаа зошто се повторно поканети како изведувачи на Главната сцена.

Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

Приматот за минатиот ден го носеа „Queens of the Stone Age” и „DeadMau5”. Пред да дојдат „на ред“ хедлајнерите, како и минатата година, така и оваа имаше забава со балони. Беа поделени околу 20.000 балони (за кои беше нагласено дека се безбедни за околината) и со одбројување од сцената беа пуштени сите да летаат.

Моќен рок на „Queens of the Stone Age”, вториот ден од Сигет Фестивал

„Queens of the Stone Age”, со нивниот моќен звук направија одлична атмосфера за сите фанови на рок музиката. На нивниот репертоар се најдоа песни од новиот албум (My god is the sun, If I had a tail…), како и нивните легендарни хитови (Go with the flow, No one knows…). Канадскиот диџеј „DeadMau5” ја затвори листата на изведувачи за минатиот ден на Главната сцена, а и со тоа, како што беше најавено и официјално започна Сигет фестивалот (кој трае официјално од Ден 1 до Ден 5, додека првите два дена се само загревање за она што допрва следува).

Забавата продолжи до раните утрински часови на сите помали сцени, од кои што можеме да ја издвоиме сцената Magic Mirror, сцена најавена како место за queer културата. Со диџејот ,,Mr. Optik” забавата успеа да собере огромна публика и се слушаше ретро хитови од сите временски периоди и стилови.

За Ден 1 има многу големи имиња, меѓу кои „Jake Bugg“, „Imagine Dragons”, „Placebo“, „Skrillex“, Tom Odell, ,,Clean Bandit” и уште многу други.

 

За Радио МОф од Будимпешта,
Николај Митрески и Ана Ристевска