Мојата ќерка е лезбејка и многу сум горда на неа

Данка Попов од Сплит има 58  години, наставник е , непосредна и интересна жена. Но, најважно за оваа приказна ,е тоа што сепак, е мајка на лезбејка, пишува хрватски Глобус.

Мојата ќерка е лезбејка и јас сум горда на неа

„Ние сме постара генерација,  јас разбирам дека секому не му е лесно тоа да го прифати , луѓето се едноставно изненадени , тоа не е злоба, не е потсмев. Нема потреба сите да имаме исто мислење, но ние мора да се почитуваме едни со други и да функционираме како на улица, во град, на работа“, зборува помирувачки мајката која е горда на нејзината ќерка.

„Имам голема почит за нејзината храброст да се бори за правата што и припаѓаат, па затоа решив и јавно да ја поддржам. “

„Факултетот го заврши на време , цело време во текот на студирањето работеше. Моето дете е вредно, мудро и не би требало да го троши своето време и енергија на овој вид активизам , туку таа своја голема енергија треба да ја насочи кон  нешто друго … ”

За луѓето кои ги привлекува истиот пол, мајката  Попов, пред нејзината Матеа да и каже дека и се допаѓаат девојки, ниту знаела многу, ниту пак размислувала.

„Можеше да се чуе за некого дека е геј. Јас не сум чувствувала презир или омраза, едвај дека за тоа некогаш и нешто сум помислила. Имавме неколкумина во компанијата, колешки кои не ги познавам добро, но тоа предизвикуваше потсмев . Јас не им замерував, знаев само дека им е многу тешко, но не размислував многу за тоа. Преку литературата, филмовите дознаваш дека ова отсекогаш постоело, но луѓето, покрај семејството кое тие го основале, честопати водат паралелно  двоен живот. Жените веројатно тоа повеќе го потиснуваат во себе, од нив се барало да стапат во брак … Преку животите на славните, дознаваш дека тоа е нешто што на овие луѓе им се случува . ”

Дека сака девојки, Матеа признала уште во четврта година во средно. Данка се сеќава, правела јадење во кујната, кога средношколката ја повикала на балконот.

„Таа ми рече да седнам, имала нешто важно да ми каже. Тоа беа тинејџерските години, прво помислив на дрога, пребледедев мислејќи на ужасни нешта, видов дека и таа се плаши , па мојот страв беше дури и поголем … Кога ми кажа дека е лезбејка – мене ми олесна , бидејќи тоа не е ништо неправедно, не повредува никого, не ја уништува. Ова е само нешто што неа ќе и го комплицира животот и тоа е причината зошто мене ми беше многу жал. Тогаш мислев дека тоа е развојна фаза , тест , не сфатив дека ова е трајна определба . ”

Данка на Матеа не  и поставувала прашања. „Само и реков дека ми олесна, мислев дека нешто полошо е во прашање… За еден ден или два , и реков дека тоа е една минлива фаза, но таа ми објасни дека не е. Но на оваа возраст младите луѓе секоја фаза ја земаат крајно сериозно … ”

Како разбрала дека не е само „фаза “?

Полека, како што одминуваше времето , сфатив дека тоа е тоа… беше во врска, видов дека немаше интерес за момчињата. Потоа почнаа тие паради, ја започна својата активистичка работа,  беше неколкупати на телевизија. Тешко е да се биде различен во оваа средина , секој родител би сакал детето да полесно да помине низ животот … Тука таа се сретна со голем број пречки , но не со сите, бидејќи сега е во фаза на потрага по работа, нова компанија … Ако бевме во друга средина , некоја културна нордиска земја , мислам дека е лезбејка ќерка не би било проблем…“

Сепак, тешко и било за тоа да зборува со другите.

„На почетокот не можев никому да кажам, па дури и сега јас понекогаш имам тешкотии со некои луѓе да се зборувам за тоа, можеби и поради тоа што не сум премногу екстровертна личност . Неможев да најдам начин како да го кажам тоа на другите, па еден ден се запрашав:

„Боже мој , замисли да е насилна, корумпирана… ? Би било пострашно да се омажи со некој само за пари или поради неговата позиција, да нема љубов … ”

Кога мајката и татото дознале дека нивната ќерка е лезбејка, дојде време и за роднините. Данка има сестра , нејзиниот сопруг исто така. Како реагирале тетките ?

„Ним им кажав по година или две … тие прифатија. Се обидоа да ме утешат , рекоа: „Па што има врска …”

Кога и кажав на мојата блиска пријателка, искрено извика:

„Данка , те молам дај ми еден апаурин! Не можам да го замислам тоа… Мојата Mатеа, па јас ја знам откога е родена“.

„Не и замерувам“, вели Данка.

Извор