„Мој Воздух“, „Ретвитни оброк“ и Програмата за закрепнување на балканскиот рис номинирани за „Erathshot Prize“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги номинираше Горјан Јовановски со апликацијата „AirCare“ (Мој Воздух), иницијативата „Ретвитни оброк“ и Програмата за закрепнување на Балканскиот рис што ја спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД) за глобалната награда за животна средина „The Earthshot Prize“.

Наградата е фокусирана на пет мисии – едноставни, но амбициозни цели кои, доколку се постигнат до 2030 година, ќе го подобрат животот на сите нас. Годинава ќе се избираат победници во пет категории: Заштита и обнова на природата, Чист воздух, Оживеј ги океаните, Создај свет без отпад и Подобра клима.

Апликацијата „AirCare“ на Горјан Јовановски е номинирана во категоријата Чист воздух, иницијативата „Ретвитни оброк“ во категоријата Создај свет без отпад, додека Програмата за закрепнување на Балканскиот рис на МЕД е во категоријата Заштита и обнова на природата.

Најдобрите решенија во секоја категорија ќе добијат парична награда и поддршка за развивање на нивните решенија.

ИКС беше поканет годинава да биде номинатор за  The Earthshot Prizе. Целта на наградата е да поттикне промени и да помогне во решавање на најголемите еколошки проблеми во светот до 2030 година.

Повеќе информации може да се најдат на следниов ЛИНК.