,,Мој Документ” – апликација која помага за излез од административните лавиринти

Граѓаните отсега ќе можат на брз и едноставен начин да стигнат до потребните информации како да си ги остварат своите права, односно како да стигнат до потребните документи од административна страна преку новата апликација „Мој документ“. Станува збор за нов проект на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола на кој се работи веќе една година.

„Мотив за отпочнување на апликацијата e живеењето во брзо општество во кое постојано се создаваат нови административни процедури, како и честа промена на законите“, велат од организацијата.

Проектот „Мој документ“ претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе им помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции односно, Основен суд, Фонд за здравствено осигурување, судството, Министерство за внаттрешни работи, Агенција за катастар и недвижности, Управата за водење на матични книги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.

Апликацијата е прикачена и достапна за оперативниот систем android  на Google  Play Store и паралелно е направена е и за системот iOS, во зависност од потребата на корисникот. Од Ротари ллчиб Широк Сокак Битола велат дека планираат дополнување со уште три институции и секако промоција на проектот.

Апликацијата можете да се инсталира на мобилните телефон на линковите подолу:

IOSAppStoreapp-store-android-download