Апликацијата МојДДВ преку која граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки е достапна за користење за двата мобилни оперативни системи.
На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП ќе им овозможи на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.
Деновиве само корисниците на Андроид можеа да ја користат.
Апликацијата може да се преземе ТУКА
Фискалните сметки со износ од 30.000 денари, како и невалидните фискални сметки, односно компјутерските сметки апликацијата МојДДВ нема да ги прифати, ниту преку скенирањето од мобилен телефон, киоск апарати или баркод читачи.