МОФ распиша отворен повик за волонтери за настан по повод Ден на млади

Младински образовен форум (МОФ) отвoри повик за волонтери за настан по повод Меѓународниот ден на младите кој ќе се одржи на 11 август во Скопје, во градскиот парк – Школка, со почеток во 19 часот.

Обврските и задачите на волонтерите ќе вклучуваат асистирање при организирање и логистика на настанот и координација на промотивни штандови и посетители.

Сите млади кои се заинтересирани за волонтирање треба да го пополнат формуларот за учество до 19 август, четврток, заклучно до 13 часот.

„Кандидати треба да бидат во можност да волонтираат на 11-ти август, од 18 до 23 часот, за целото времетраење на настанот, а пред настанот ќе се организира состанок за координација на сите пријавени волонтери“, се вели во повикот.

Програмата на настанот ги вклучува следните активности:

19:00 часот – Отворање на настанот со музички перформанс на Алдин Мурати;
19:15 часот – Почетни зборови од претставници на канцеларијата на ОН во Северна Македонија и Наумче Мојсовски, Директор на Агенцијата за млади и спорт;
19:30 часот – Промоција на Националната Стратегија за Младите 2023-2027 година;
19:45 часот – Церемонија за доделување на награди за Младинско учество од страна на Агенција за млади и спорт и Национален младински совет на Македонија;
20:00 часот – Штандови на интернационални, чадор, младински организации и организации на млади, институции за млади и социјални претпријатија;
Уметници кои ќе креираат уметничко дело на самиот настан кое ќе ја промовира овогодинешната тема на Меѓународниот ден за млади;
Штанд со храна за учесниците на настанот, во соработка со FJ Culinary School (вклучувајќи готвење во живо);
21:00 часот – Концерт на бендови од „Гола Планина Колектив“ и Roma Rock School.

„Овој настан е посветен на младите луѓе и негова цел е да ја поттикне младинската ангажираност, креативноста на младите и граѓанското учество. Ова е прекрасна прилика за промоција на улогата на младите во општественото делување“, велат од МОФ.