МОФ објави повик за нови членови во Клубови за демократско учество

Младинскиот образован форум распиша повик за нови членови во своите Клубови за демократско учество, кои продолжуваат со средби по 20-ти јануари.

Преку нив, средношколци од девет училишта ќе имаат можност бесплатно да научат за демократијата, младинско организирање, нивните права како ученик и да ги споделуваат своите идеи.

Предавањата ќе траат до март, по што членовите ќе имаат можност да креираат младинска акција за решавање на некој предизвик во училиштето/заедницата. По завршувањето на програмата, учесниците добиваат сертификат.

Повикот е отворен до 25.01.2021 (понеделник).

Клубовите се отворени во следните училишта на линковите:
• СУГС Зеф Љуш Марку – Скопје на албански јазик
• СУГС Никола Карев – Скопје на македонски јазик
• ДУЦОР Партеније Зографски – Скопје на македонски знаковен јазик
• ССОУ Моша Пијаде – Тетово на македонски јазик
 ССОУ Моша Пијаде – Тетово на албански јазик
• СОУ Нико Нестор и СОУ Ибрахим Темо – Струга на македонски јазик
• СОУ Нико Нестор и СОУ Ибрахим Темо – Струга на албански јазик
• СОУ Кочо Рацин – Свети Николе на македонски јазик
• СОУ Наум Наумовски – Борче – Крушево на македонски јазик
• ОСМУ Д-р Јован Калаузи – Битола на македонски јазик

За повеќе информации во врска со клубот, пишете на: obuki@mof.org.mk.

Предавањата се активност на Младински образовен форум и Фондацијата на демократија на Вестминстер во рамки на проектот Зголемување на младинското учество, поддржани од Иницијативата за демократија на Западен Балкан.