МОФ дебата на Филолошки факултет: Овој дом верува дека бракот е застарена институција

МОФ дебата на Филолошкиот факултет: Овој дом верува дека бракот е застарена инситуцијаУтре ( вторник, 5 ноември) со почеток во 18:00 часот во просториите на Филолошкиот факултет (Амфитеатар 3) ќе се одржи јавната дебатата на тезата „Овој дом верува дека бракот е застарена институција“ која ја организира Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје.

Панелот на говорници ќе го сочинуваат 8 искусни дебатери, предавачи на дебатните клубови на Правниот и Филозофскиот факултет.

Форматот на дебатата е Британска парламентарна дебата, формат кој се практикува во дебаните клубови на Филозофскиот факултет – Скопје и Правниот факултет – Јустинијан Први.

Младински образовен форум спроведува редовни предавања за Британска парлентарна дебата во почетните и напредните групи во дебатните клубови на овие факултети. На оваа дебата студентите ќе имаат можност да се зачленат во дебатниот клуб на Филолошки факултет.

„Со задоволство го очекуваме Вашето присуство и се надеваме дека активно ќе се вклучите во оваа актуелна дискусија преку презентирање на Вашите согледувања и ставови“, порачуваат од МОФ.