Модна ревија од студентите на Технолошко металуршки факултет

Модната ревија која традиционално се одржува на Технолошко металуршки факултет е најавена во вторник (14 јуни), во аулата на факултетот.

Ревијата се одржува на крајот на академската година, а е работена од студенти од насоките Дизајн и инженеринг на облека, под менторство на вонредната професорка Лидија Георгиева.

Почетокот на настанот е најавен во 20 часот, а влезот е слободен.