Модерниот балет „Јас, Исидора“ на малата сцена во МОБ

Модерниот балет „Јас Исидора“ вечерва (16 јануари) во 20 часот ќе биде изведен на малата сцена во Македонската опера и балет.

Либретото, кореографијата и режијата се на Олга Панго, музиката е на Kалиопи, сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски.

Kако солисти ќе настапат Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска-Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска, Маја Митровска-Богојевска.

Во претставата се опишува животот на американската балерина Исидора Данкан која живее во почетокот на 20 век, и нејзината љубов што ја запознава во Москва, големиот руски писател Сергеј Есенин.