Моден „поп ап“ настан во галеријата на МКЦ

Hекогашната концептуална продавницa Лудус позната по поддршката на младите македонски модни дизајнери, на 9 и 10 мај (петок и сабота) во гaлеријата во Младинскиот Културен Центар ќе ја организира досега најголемата привремена продавница.

Моден „поп ап“ настан во галеријата на МКЦ

Со работно време од 12 до 22 часот, галерискиот простор ќе биде пренаменет за продажба на 20 дизајнерски колекции на облека, накит, додатоци и подароци. Хетерогената понуда од 400 дизајнерски производи,  од  квалитативно и концепциски  различни македонски дизајнери,  има цел да направи вистински пресек на македонската модна сцена и директно да го поврзе македонскиот моден производ со конзументите, информираат организаторите.

Моден „поп ап“ настан во галеријата на МКЦ

Покрај последната модна колекција на организаторите Лудус, ќе бидат застапени и колекциите на други етаблирани модни имињa.  Дводневниот настан што ќе биде збогатен со промоции на модни портали, модни работилници и презентации.