Моден бренд продава маици креирани од маргинализирани млади за да се тргнат од улицата

Нов бренд создава облека со цел – им помага на млади од ризични социјални групи. Компанијата која е наречена dfrntpigeon, им дава на маргинализираните млади во Портленд, Орегон, можност да создаваат маици кои го одразуваат нивниот живот и искуства.

Првата линија на маици на брендот е наречена Identity Collection, а има дизајни од шест млади луѓе кои создавале облека која ги прикажува нивните идентитети и перспективи.

Непрофитната организација со седиште во Портленд, New Avenues for Youth, која им помага на младите од ризичните групи со советување, храна и кариерни услуги, ја започнала програмата во 2016 година, како начин за овие млади да се изразат себеси преку визуелна уметност.

Целта на програмата, а сега и новиот моден бренд со исто име, е да им помогне на младите да се поврзат со ментори, можности за хонорарна работа и кариера во графички дизајн.

„Нашите производи не се само мода. Тие имаат поголема социјална мисија да и помогнат на маргинализираната младина да најде пат до успехот, да се тргне од животот на улица и да ја предизвика перцепцијата на младите бездомници“, вели Сара Вајман од New Avenues for Youth.

Сите пари од продажбата на маици, од 15 до 26 долари по парче, зависно од дизајнот, одат директно за dfrtpigeon програмата.

Колекијата се печати рано во Портленд во New Avenues INK, која е исто така во сопственост на организацијата и вработува млади лица.

„Фактот дека создаваме работни места и учиме вештини кои може да доведат до поголема стабилност за оваа младина, е она што најмногу не наградува“, вели Вајман.