Мобилна апликација: „Младите и полицијата – кои се нашите права?“

Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа во рамките на проектот „Младите и полицијата – кои се нашите права?“ објави мобилна апликација преку која младите во Македонија ќе можат на лесен и брзо достапен начин да го дознаат своите права и обврски во нивниот однос со полицијат и другите органи на редот. Мобилната апликација сега е достапна само за Андроид паметните телефони.

Мобилна апликација: „Младите и полицијата - кои се нашите права?“

Во оваа прва фаза мобилната апликација покрај информативната улога ќе им дозволува на корисниците да пријават злоупотреба на нивните права преку испраќање на електронска пошта до имплементаторите на проектот. Во втората фаза предвидено е мобилната апликација да им овоможи на младите да ги мапираат сите неругуларности со кои се соочиле, а исто така апликацијата во оваа фаза ќе биде достапна и на Ајфон уредите.

Целта на проектот е доближување на работата на полицијата до младите и создавање критичка свест за односот со полицијата и органите на редот, со цел почитување на правната државa, уривање на стереотипите за односот на младите кон полицијата и обратно и, запознавање со Законот за малолетничка правда и поголемо почитување на човековите права.

Проектот „Младите и полицијата – кои се нашите права?“ е петмесечна акција во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество во Македонија, поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија – ФООМ, а спроведена од Коалиција „Сите за правично судење“ – Скопје и Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје.