Мобилна апликација за лицата со оштетен вид да препознаваат емоции кај соговорникот

„Да се биде слеп не ме спречи да одам на Хималаите, но мојот проблем е во тоа што не можам да ги прочитам емоциите на другите луѓе”, вели херојката на најновата кампања на Хуавеи, 25-годишната Маријана од Стокхолм, која го загуби видот на 10. годишна возраст.

Таа не е самa, многу други слепи лица го имаат истиот проблем. Слепите лица и лицата со оштетен вид се заинтересирани за технолошките иновации и за нови производи и решенија кои им го олеснуваат животот и им даваат поголема независност.

Читачите на екрани и Брајовите дисплеи се неколку примери на „трето око“ – иновации за визуелна помош, кои можат да се најдат и кај мобилните телефони. Апликацијата „HUAWEI Facing Emotions“, ги мапира точките на лицето за да ги идентификува емоциите и да ги трансформира во звук, создавајќи сосема ново искуство за лицата со оштетен вид.

Корисникот треба само да ја насочи задната страна од телефонот кон лицето со кое зборува, а потоа апликацијата ги препознава емоциите на соговорникот и му овозможува да знае дали тој чувствува радост, лутина, одбивност, тага, изненадување, страв или презир. Секоја емоција се манифестира како поинакво изразување на лицето кое вештачката интелигенција научи да го препознае. Потоа една 7-те клучни основни емоции ги предефинира со соодветен звук, специјално создаден за таа емоција.

Од компанијата потсетуваат дека за време на првите тестови на апликацијата „Facing Emotions“, постоеше можност лицата со оштетен вид да го блокираат објективот на камерата со прстите, спречувајќи ја апликацијата да работи правилно. Лицата со оштетен вид велат дека за нив е важно да можат слободно да ја користат апликацијата и да имаат барем една слободна рака за белиот стап, водилката за кучето или за држење за парапет.

Од овие причини, Хуавеи започна соработка со полскиот дизајнер Јан Кочански кој создаде специјален држач наменет за апликацијата „Facing Emotions“. Исто така, звуците кои укажуваат на секоја емоција беа внимателно разгледани и прецизно дизајнирани, а композиторот Томаш Билецки беше лице одговорно за составување на многу интуитивни и лесно препознатливи звуци на апликацијата.