Мобилен телефон со бројчаник кој не го одвлекува вниманието на корисникот

Џастин Хопт, астрономски инженер, веќе три години работи на мобилен телефон со бројчаник, налик на старите телефони.

Овој уред има екран кој на корисникот му дава основни информации, како што се пропуштени повици и текстуални пораки.

Телефонот е создаден од Ардуино плочи, засновани на ATmega 2560 микроконтролер и Adafruit FONA 3G плочка на која се наоѓа модемот за поврзување со 2G или пак 3G мрежа во која се става и соодветна СИМ картичка.

Целта на Хопт е да го направи мобилниот телефон наједноставен, но да биде и функционален.

Батеријата може да издржи 24 часа и уредот има неколку “speed-dial” тастери за брзо бирање на меморираните контакти.