Во рамки на проектот Мобилен парламент, Граѓанската Асоцијација МОСТ организира јавна средба на тема „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“.
Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници да се согледаат причините за загадувањето во Скопје и да се изнајдат соодветни решенија.
„Дали досега превземените мерки од страна на институциите ќе донесат резултати? Дали се потребни дополнителни мерки? Дали граѓаните можат да придонесат во намалување на загадувањето? Дали Скопје ќе дише или повторно ќе се задушува оваа зима?“, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутурани на овој Мобилен парламент.
На дебатата можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. На неа се повикани пратеници, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, од невладиниот сектор и градоначалникот на Град Скопје со сите останати градоначалници од скопските општини.