Моби „подарува“ четири часа тивка амбиентална музика

Моби, угостител, љубител на животни и култен музичар кој помогна во создавањето на електронската музика, им даде на своите фанови четири часа амбиентална музика, која е достапна за бесплатно преземање од интернет.

Американскиот диџеј кој активно практицира јога направи серија од 11 делови полни со амбиентални звуци кои се идеални за луѓе што се во потрага по навистина тивка и смирувачка музика.

„Long Ambients“ се препорачува за слушање додека се практицира јога или за пред спиење. Се работи за музичка колекција која трае четири часа и која може да се користи за смирувачки активности како медитација.


„Long Ambients“ е достапен за преземање овде.