МНТ со хуманитарна изведба на две претстави ќе го одбележи 79. роденден

Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека својот 79. роденден ќе го одбележи хуманитарно со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“.

„Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид“, се вели во соопштението.

Претставите ќе бидат изведени на 3 април, „Силјан Штркот Шанца“ од 12 часот, а „Сите сме птици“ ќе се одигра истиот ден од 20 часот.