МНТ се сели онлајн – претставите ќе можат да се гледаат бесплатно преку „Јутјуб“

Претстави на Македонскиот народен театар (МНТ) од утре (среда, 18 март) од 20 часот ќе може да се гледаат бесплатно онлајн во домовите, преку „Јутјуб“ каналот на театарот.

„Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас“, соопшти МНТ.

Распоредот за претставите е следен: 18 март -„Сомнително лице“, 19 март – „Изгубени Германци“, 20 март – „Парите се отепувачка“, 23 март – „Да тргнеме Сењор“ и 24 март – „Мајсторот и Маргарита“.

„Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“, се вели во соопштението од МНТ.

Инаку, претходно, поради засилените мерки за превенција и заштита од коронавирусот, МНТ информираше дека билетарницата ќе биде затворена до 24 март, а средствата за купените билети ќе можат да се рефундираат по овој датум.